Тројца Пакистанци уапсени во Сараево за убиство на илегален мигрант

Тројца Пакистанци се уапсени во вторникот од полицијата во Сараево под сомнение дека минатата седмица нападнале и тешко повредиле мигрант кој им подлегнал на повредите во болница.

Инцидентот со смртен исход се случил во камп за прифаќање илегални имигранти во местото Упивак, крај Сараево. Со истрагата е утврдено дека во тепачка во која учествувал 16-годишен Пакистанец и негови сонародници на возраст од 21 и 22 години.

Тројцата претепале и тешко повредиле мигрант чиј идентите сѐ уште не е утврден, а починал во болница во која лекарите безуспешно се обидувале да му го спасат животот.

Тројацата уапсени Пакистанци остануваат во притвор во Сараево до завршувањето на истрагата која ја спроведува Жупаниското обвинителство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.