Тројца починаа, 96 нови случаи на коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19. Пријавени се три починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.168.157 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.775, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 435.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.