Тројца повредени при удар на „ауди А6“ во дрво

Патничко возило „ауди А6“ со бугарски регистарски ознаки, излета од патот и удри во дрво. При тоа се повредени тројца.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила на  регионалниот пат Конче – Радовиш, во атарот на селото Ракитец кај крстосницата „Лакавица“. При тоа тешко се повредени возачот З.С.(35) од село Конче, Радовишко и  двајцата сопатници Б.Р. (22) и И.М. (34), двајцата од селото.

Извршен увид на местото на настанот, соопшти МВР.