Тројца повредени во Скопје при излетување на автомобил од коловозот

Во неделата вечерта околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот С.Р. од Скопје, излетало од коловозот, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле двајцата сопатници С.Н. и А.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.