17 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

Тројца повредени во сообраќајка кај Тетово

37

Во петокот во 17:25 часот било пријавено дека на излез од с.Радиовце-Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фолксваген поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од с.Чегране-гостиварско и патничко моторно возило “фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од А.Ш.(21) од с.Теново-тетовско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот Н.С.(37) од с.Чегране-гостиварско од возилото “Поло“ по што биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.