Тројца повредени во сообраќајка меѓу автомобил и трактор

На 16.07.2020 во 20.40 часот било пријавено дека на патот Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ без регистарски ознаки, управуван од Д.М.(31) од Прилеп и товарно возило „фиат дукато“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.К.(48) од Прилеп. Во незгодата, возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Х.М.(18) и уште еден сопатник на возраст од 17 години, констатирани во Градската болница Прилеп, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.