Тројца повредени во сообраќајка во Сарај

43

Две лица се здобиле со тешки повреди при сообраќајна несреќа која се случила во Скопје, соопшти полицијата.

-Вчера во 13:35 часот било пријавено дека на локален пат село Сарај – село Рашче се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(25) од село Крушопек, скопско и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.О. од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.С. и сопатникот во истото возило О.С.(23) констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобила М.О. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.