Тројца повредени во сообраќајката кај Неготино-Градско пренесени во Велешката болница

52

Тројцата повредени во сообраќајката на автопатот Неготино-Градско, кои беа пренесени во Велешката општа болница, се надвор од животна опасност. Полесно повредениот е пуштен на домашно лекување, а двајцата потешко повредени се задржани во Велешката болница.

Полесно повредениот е од Скопје, а двајцата потешко повредени од Битола.

Директорот на Велешката болница Божидар Бојаџиев за МИА изјави дека едниот од нив има скршеница на потколеницата, а другиот две скршени ребра и стапало на левата нога.

Сообраќајката се случи денеска попладне, а во неа учествуваа четири возила. Сообраќајот до 17 часот беше во прекин и се пренасочуваше по стариот регионален пат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.