Тројца повредени во судар на мопед и автомобил на Илинденска

Едно лице е потешко, а две други полесно повредени во судирот на патничкото моторно возило со мопед што се случил вчера попладне на крстосницата од бул. „Илинден“ и сервисна улица која води кон објект на град Скопје.

-Се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Mерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(46) од Скопје и мопед „бенели“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Џ.Џ.(27) од Скопје. Во незгодата  сопатникот на мопедот, Б.М.(30) од Скопје, се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на мопедот и сопатничка од возилото, Ц.С.(43) од Скопје, се здобиле со телесни повреди, соопшти полицијата.

Повредените биле префрлени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.