Тројца повредени во судар на мотоцикл и мотокултиватор кај Студеничани

Во петокот вечерта околу 19,15 часот во Скопје на улицата „Јустинијан Први“, на влезосто од скопското село Студеничани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 26-годишниот Д.Н.секолот Гумалево, скопско, и мотокултиватор „ИМТ 509“, без регистарски ознаки, управуван од 49-годишниот Е.Р. од Студеничани, соопшти во саботата Министерствотоп за внатрешни работи.

Во несреќата, Д.Н. и неговиот сопатник Ф.Ќ. на 24 години од Гумалевом се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека Е.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.