Тројца повредени во судар во скопски Аеродром, пожарникари ги ваделе од возилата

Три лица се повредени, од кои еден потешко, во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 10,25 часот во Скопје на крстосницата од булеварот .„АСНОМ“ и сервисна улица кон хотелот „Хилтон“ во Скопје, во која мораа да интернвенираат и противпожарни екипи.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу товарно моторно возило„фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот М.П. од Скопје, и патничко моторно возило „сузуки балено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот Ј.Ј.(47) од скопското село Петровец, скопско, соопшти МВР.

По незгодата, Ј.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била констатирана тешка телесна повреда, додека на возачот М.П. и неговиот сопатник 60-годишниот Љ.П. од Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од доктор им биле констатирани повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.