Тројца повредени во судир на автомобил и трактор на патот Прилеп – Крушево

92

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Прилеп – Крушево, кај местото наречено Босја Бара. Несреќата се случила помеѓу автомобил и трактор со приклучна приколка.

Во незгодата тешки телесни повреди добила сопатничката од возилото М. Ф. (52) од Струга, а телесни повреди добиле Џ. Б. (31) и малолетник, сопатници од истото возило, двајцата од Прилеп, констатирани во Градската општа болница во Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.