Тројца повредени во судир на две возила на автопатот Тетово-Скопје 

Три лица се повредени во сообраќајна незгода која се случила утринава околу 4:00 часот на автопатот Тетово-Скопје. Собраќајката се случила на четири километри од Тетово во правец кон Скопје.

-Во сообраќајната незгода учествувале две патнички моторни возила, БМВ со струмчки регистерски ознаки управувано од М.Е (27) од Струмица и фолксваген голф со тетовски таблици што го возел Л.А (38) од Тетово. По судирот возачот на БМВ се здобил со тешки телесни повреди на ребрата, а возачот на голфот и сопатникот А.А (62) имаат телесни повреди, информираше Марјан Јосифоски од СВР Тетово.

Тројцата се однесени во Клничката болница во Тетово каде се задржани за понатамошна опсервација. Полициски службеници на СВР Тетово извршиле увид за да ги утврдат околности поради кои дошло до судирот на двете возила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.