Тројца повредени во верижен судр кај Струмица

Три лица од струмичко се повредени во веружен судир на три патнички возила, кој во саботата утрото се случи на магистралниот пат Струмица – Ново Село, информираше Министерството за надворешни работи.

Сообраќајната несрежа се случила кај ткн  „Робовска крстосница“, вчера во 07.40 часот се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „тојота авенсис“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 27-горишниот Ѓ.С. од селото Турново, струмичко, патничко возило „шевролет матиз“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 64-годишниот К.Ѓ. од селото Босилово, струмичко, и патничко возило „рено твинго“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот В.А. од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.А. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, додека со телесни повреди се здобиле Ѓ.С. и К.Ѓ..

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица, а за време на увидот од 08.00 до 12.00 часот собраќајот бил во прекин во двата правца.