Тројца прободени во тепачка во автобус на ЈСП

Три лица се хоспитализирани во скопските болница, од кои едно е во животна опасност, откако во четвртокот околу пладнето во автобус на скопското Јавно сообраќајно претпријатие дошло до масовна тепачка меѓу две групи малолетници за кои очевидци претпоставвуаат дека се од скопски Сарај.

Од Министерството за внатрешни работи за НетПрес потврдија дека денеска околу 13,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир во автобус бр.56, при што со повреди од остар предмет се здобил 16-годишен малолетник, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Со повреди се здобиле и уште две други малолетни лица кои се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, се додава во одговорот од министерството

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.