Тројца руски државјани обвинети за обид да ограбат банкомат во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против три лица, државјани на Руската Федерација, за кривично дело –тешка кражба.

Како што соопшти Обвинителството, обвинетите, по претходен договор, на 14 март се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети – пари, така што со погоден рачен алат се обиделе механички да дејствуваат и да направат отвор во банкомат на Халк банка на улица „Методија Митевски“ во Скопје за да ги одземат парите што се наоѓале во банкоматот. Во тој момент биле затекнати од овластени службени лица на Министерството за внатрешни работи и биле спречени во намерата​.​