Тројца сириски војници убиени во израелски воздушен напад

Тројца сириски војници загинале, а уште неколку други се ранети во напад на израелските воздухопловни сили на периферијата на главниот град Дамаск и во провинцијата Тартус, соопшти во неделата вечерта сириското министерство за одбрана.

Претходно сириската државна новинска агенција SANA објави дека сириската противвоздушна одбрана одбива напад на израелските воздухопловни сили во источната крајбрежна провинција Тартус и во планината Каламун на границата со Либан.

Според сириското министерство за одбрана, израелските авиони нападнале од два правца. Предградијата на Дамаск биле изведен напад од правецот на либанската престолнина Бејрут, додека провинцијата Тартус била нападната од страната на Средоземното Море.

„Нашите системи за противвоздушна одбран ги одбија нападите на агресорот, соборувајќи некои од нив. Во нападот загинаа тројца војници, уште тројца се ранети а причинета е материјална штета“, соопштија од Дамаск.

Израел засега не ја коментираше акцијата, а и инаку ретко ги потврдува нападите на неговото воено воздухопловство врз цели во Сирија, и се смета дека во премолчен договор со Русија првенствено се насочени во напорите да се спречи либиското шиитско движење Хезболах и Иран да ја изградат воената надмоќ во регионот.

Информацијата за нападите доаѓа само неколку дена откако сириските медиуми објавија дека израелски тенкови гаѓале набљудувачки пунктови во сириската област Кунеитра во близина на границата со Израел, за кои во израелските медиуми се проценува дека биле на либанското шиитско движење Хезболах.

Израелските авиони во петокот во пограничната зона исфрлиле летоци во кои се предупредува сириската војска да не соработува со Хезболах и иранските милици.