Тројца скопјани демолирале угостителски објект во Аеродром – во 2 часот по полноќ сакале да бидат услужени, но тоа не се случило

На 23.01.2022 во 02,15 часот било пријавено дека во угостителски објект во населба Аеродром, Скопје, Д.М. (37), И.М. (32) и Ц.Б. (51) сите од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со тоа што кршеле инвентар, затоа што откако побарале да бидат услужени им било речено дека објектот не работи.

По целосно расчистување на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.