Тројца скопјани вчера каснати од кучиња скитници

Во текот на вчерашниот ден тројца жители на главниот град пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници. Околу 11 часот во Полициската станица Центар, М.Г. (28) од Скопје пријавила дека на бул. „Кирил и Методиј“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.

Вчера претпладне во Полициската станица Аеродром, Е.М. (46) од Скопје пријавила дека на бул.„Трета македонска бригада“ била касната од куче скитник во пределот на левата подлактица.

Синоќа пак во Полициската станица Центар, С.Б. (25) од Скопје пријавил дека на Кеј „13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната рака.