Тројца тинејџери повредени во излетување од коловозот кај Кучково

Три 19-годишни момчиња од Скопје се потешко повредени откако околу полноќ со возило „фиат добло“излетале од патот во Кучково
.
Несреќата се случика околу 0,40 часот кога било пријавено дека на локален пат во скопското село Кучково, патничко возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки управувано од 19-годишниот П.М. од Скопје, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.С. од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Н.Е., кои биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.