Тројца турски војници загинаа од автомобил-бомба во Сирија

Тројца турски војници загинале во четвртокот во подметната експлозија на автмобил-бомба на северот од Сирија, регион кој го контролираат турските војски, објави министерството за одбрана во Анкара.

„Тројца наши браќа паднаа како маченици во напад со автомобил бомба додека патролираа“, наведе турското министерство за одбрана без други поединости.

Претходно Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), чие седиште е во Лондон, повикувајќи се на своите активисти на теренот објави дека атентатот бил изведе во градот Сулук, јогоисточно од областа Тал-Абјад во северната сириска покраина Рака, и дека во него се убиени десетина лица, меѓу кои тројца војници. Се додава дека бројот на жртвите може да биде поголем, бидејќи многу од ранетите биле во критична состојба.

Во извештајот на SOHR се наведува дека експлозијата била насочена кон локалната команда на локалната бунтовничка група Ахрар ал-Шаркија (Слободни луѓе на Истокот), сојузници на турските сили.

Турските единици и нејзините сириски сојузници, во прв локалното туркменско население, често се цели на нападите на северот на Сирија. Минатата седмица таму, исто така, во експлозија на автомобил-бомба беа убиени четворица турско војници.

Засега ниедна од многуте милитантни групации кои дејствуваат во покраината близу турската граница, вклучително и милицијата Единции за заштите на народот (YPG) на сириските Курди, не ја презема одговорноста за нападот.

Турските војници се распоредени во неколку зони на северот и североистокот од Сирија, каде што Турција изведе три воени операции мешу 2016 и 2019 година против Исламската држава и силите на локалните Курди кои сака да ги потисне што подалеку од турската граница.

Милицијата YPG е поддржувана од западните земји, но Анкара ја смета за фракција на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) која од 1984 година води вооружен бунт против турската држава.