Тројца уапсени во врска со марихуаната откриена во тетовско Камењане

Три лица, од кои едниот е бугарски државјанин, се приведени во средата поради сомневање дека се учесници во растурање наркотици и оти се инволиврани во случајот со пронајдените две вреќи со марихуана на локален пат над тетовското село Камeњане претходно во вторникот.

Во средата околу 20 часот во СВР Тетово биле приведени Е.И. на 26, А.Д. на 27, двајцата од Скопје и бугарскио државјанин Р.И.О. на 30 години, кои околу 12.25 часот биле лишени од слобода во Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Задржани во Полициската станица Тетово и денеска со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.