Тројца загинати во експлозија на руски аеродром, наводно нападната и база во Саратов

Три лица загинаа, а шестмина се повредени во денешната експлозија на цистерна за гориво, на аеродромот во близина на рускиот град Рјазан, изјави претставник на итната служба.

Во несреќата е оштетен и авион кој бил на пистата. Властите ги утврдуваат околностите на инцидентот.

Рјазан се наоѓа на околу 200 километри југоисточно од Москва.

Експлозијата доаѓа само неколку часа воздухопловната база Енгелс-2, во близина на градот Саратов, беше погодена од експлозија, при што се оштетени два бомбардери Ту-95 – кои се користат за изведување воздушни напади врз инфраструктурата на Украина.

Руската воздухопловна база каде што се подготвуваше голем напад против Украина е погодена од напад, веројатно со дрон, при што се оштетени двата бомбардери со долг дострел.

Како што истакнува Дејли меил, Киев не ја презеде одговорноста за експлозиите, но се смета дека стои зад десетици слични напади врз бази и складишта за снабдување на западната граница на Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.