Тројка на Дејвис со звукот на сирената за водство на Лејкерс од 2-0

Во финалето на Западната конференција на НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс синоќа ги совладаа Денвер Нагетс со 105:103, и поведоа со 2-0 во серијата до четири победи.

Победничкиот погодок , односно „тројката“ во последниот звук на сирената за крај на натпреварот ја постигна центарот Ентони Дејвис.

Дејвис натпреварот го заврши со 31 поен, од кои 22 постигна во второто полувреме, а додаде и 9 скокови. Првата ѕвезда на Лејкерс, Леброн Џејмс, додаде 26 коша и 11 скокови.

Кај Денвер спрскиот центар Никола Јокиќ оствари 30 поени, 6 скокови и 9 асистенции, а Џамал Мареј додаде 25 коша.