Троцифрени бројки на новозаболени и оздравени oд Ковид-19 во земјава

Здравствените власти вчера повторно регистрираа трицифрена бројка на новозаболени од Ковид-19 во земјава, но висока е и бројката на оздравени пациенти, a министерот за здравство Венко Филипче рече дека ситуацијата е стабилна и под контрола.

Според информациите од надлежните институции, во изминатите 24 часа од вкупно направени 1971 тестирања дијагностицирани се нови 188 заболени, додека бројот на оздравени е 268. За жал, билансот на починати лица останува ист, односно и вчера се регистрирани пет починати лица.

Од почетокот на пандемијата, во земјава се регистрирани 10503 заболени од Ковид-19. Бројката на оздравени пациенти е 5931, а на починати е 476. Во моментот, бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096.