Троцифрени бројки на новозаразени – Скопје, Куманово, Гостивар и Штип со најмногу активни случаи на Ковид-19

Нови 118 случаи заразени со коронавирус од 1.653 тестирања, тројца починати и 127 оздравени пациенти, регистрираше Министерството за здравство во претходното деноноќие.

Тројцата пациенти починале во болнички услови и со нив вкупниот број на смртни случаи од ковид-19 се искачи на 554. Истовремено, расте бројот на оздравени лица и сега изнесува 9.752. Остануваат активни уште 2.888.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.194. Досега се направени 132.493 тестирања.

Во Скопје остануваат активни уште 949, Куманово 302, Гостивар 297, Штип 243, Тетово 160, Струга 138, Кичево 115, Кавадарци 99, Дебар 68, Битола 63, Охрид 62, Свети Николе 56, Прилеп 51. Во другите градови бројот на активни е под 50.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 76 пациенти од кои на кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, шест деца позитивни и две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 75 пациенти од кои на респираторна машина се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во Скопје и натаму најмногу активни има во Чаир – 133, потоа Аеродром – 118, Гази Баба – 121, Карпош – 91, Центар – 88, Кисела Вода – 89, Бутел – 71, Ѓорче Петров – 66, Шуто Оризари – 47, Студеничани – 30, Сарај – 26, Арачиново – 19, Илинден – 12, Сопиште – 11, Чучер Сандево – 7, Петровец – 7, Зелениково – 6, странец – 4 и нераспределен – 3.