Тројца астронаути полетаа кон МВС на годишнината од слетувањето на Месечината

Тројца астронаути во саботата од рускиот космодром Бајконур во Казахстан во саботата полетаа кон Меѓународната вселенска станица (МВС – ISS), на педесетгодишнината од слетувањето на месечината.

Лансирањето коешто во живо го емитуваше американската агенција за вселенски истражувања (NASA), беше изведено со руската ракета-носач од средна хласа „Сојуз-ФГ“ со поилотирачкиот брод „Сојкуз МС-13“.

Со неа на МВС, полета екипажот кој го сочинуваат космонаутот на руската агенција Роскосмос, Александр Скворцов, и астронаутите на NASA Ендрју Морга и на Европската вселенска агенција (ESA), Италијанецот Лука Пармитан. Четириесети и двегодишниот Италијанец веќе престојуваше во 2013 година на МВС и тогаш за малку ќе се удавеше во вселенското одело, бидејќи во кацигата во текот на вселенска прошетка му се собрала вода.

Екипажот по шест часовен лет, околу 1 часот по полноќ на 21-ви јули по македонско време треба да се спои со вселенската орбитална станица и на неа ќе мине 201 ден. Но американскиот астронаут ќе остане подолго, бидејќи при враќањето на Земјата неговото место во вселенското летало ќе го зазема сонародничката Кристина Кук. Во текот на престојот екипажот на МВС ќе изведе околу 50 научни експерименти, од кои пет ќе бидат исклучиво автоматизирани.