Тројца каснати од кучиња скитници

Двајца скопјани биле каснати од кучиња скитници, завчера во скопски Аеродром, информираше МВР.

Скопјанецот Д.С.(79) во ПС Аеродром пријавил дека во понеделникот околу 13.30 часот бил каснат од куче скитник во десното колено пред неговата куќа на улицата Анастас Митрев .

Претходно скопјанката Т.Ј.(59) пријавила дека околу 6.30 часот додека се движела кон ОУ „Љубен Лапе“ била касната од куче скитник во левата нога.

Од МВР информираат дека вчера и во Гостивар куче скитник каснало во рака и нога десетгодишник на улицата Белградска, додека се враќал од училиште.