Тројца мртви во карванот на мигрантите кон САД

Најмалку три лица починале во јужно Мексико во карванот на имигрантите од централноамериканските земји кои се движат кон САД, пренесува агенцијата DPA.

Според Меѓународната организација за миграции (OIM), преку Мексико кон јужната граница на САД се упатиле околу 7.300 луѓе, главно од Гватемала, Хондурас и Салвадор.

Поради исцрпеност од заморот и дехидрацијата еден мигрант починал на патот од Тапачула кон Уксла во јужно Мексико. Телото на друг кок починал од респираторни пролеми е најдено во понеделник, кога и еден 25-годишник починал по повредите добиени по пад од возило.

Мигрантите кои се упатија на патот долг околу 4.000 километри кон САД тргнаа од северен Хондурас на 13-ти октомври и илегално влегоа во Мексико, без оглед на предупредувањето на мексиканските власти дека имигрантите без валидни документи и кои нема да побараат азил во оваа земја ќе бидат депортирани.

Од IOM и д Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (UNHCR) ги мобилизираа своите капацитети за да им помогнат на овие луѓе за кои не се знае кој ги организирал да тргнат во масовен карван на пат кон САД. Карванот во Мексико уште е далеку од американската гранциа, на околу 1.800 километри. Во меѓувреме од Гватемала кон Мексико, со крајна дестинација во САД, тргнала нова поворка со повеќе од илјада луѓе.

Заменикот на портпаролот на ОН, Фархан Хач, изјви дека во текот на викендот генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш, разговарал со неколку челници за состојбата на централноамериканските имигранти и ја нагласил потребата од нивнаа соработка со OIM и UNHCR.

„Оваа ситуација треба да се води согласно меѓународното право и со полно почитување на земјите да ги контролираат своите граници“, додаде портпаролот и истакна дека државите од регионот мора да соработуваат во решатавњето на кризата.

Антониот Гутереш треба да отпатува во Вашингтон на средба со американскиот државен секретар Мајк Помпео, со кого ќе го разгледаат овој проблем.

Американскио претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека ги предупредил војската и сојузните погранични власти дека имигрантскиот карван од Централна Америка е прашање од националнен интерес, и истакна дека САД ќе започнат да ја стопираат помошта за овој регион.

„За жал, се чини дека мексиканската полиција и војска не можеа да го сопрат карванот кој оди кон јужната граница на САД. Ги предупредив пограничната патрола и војската дека тоа е прашање од национален интерес. Гватемала, Хондурас и Салвадор не можеа да ги запрат луѓето да не заминат од нивните земји и илегално да дојдат во САД. Сега почнуваме да ја укинуваме, или темелно да ја намалуваме, големата странска помош којашто редовно ја даваме“, напиша Трамп.

Американскиот претседател инсистира дека имигрантите прво мора да побараат азил во Мексико, додвајќи дека „доколку тоа не го сторат, САД ќе ги вратат назад“.