Тројца мртви во торнадо во Мисури

Најмалку три лица загинале во силното торнадо коешто погодини низа области на американската сојузна држава Мисури, во централниот дел на САД, обајвија во четвртокот американските власти.

„Сигурносните служби може да потврдат три смртни случаи во областа Голден-Сити во округот Бартон и неколку повредени во Карл-Џанкшен во округот Џаспер“, објавена е на Twitter профилот на демартманот за јавна безбедност на Мисури.

Како што извести весникот USA Today, севкупно во централниот регион на сАД од понеделникот биле регистрирани 80 торнада со различна моќ. Во понеделникот и вторникот, четири луѓе загинаа како последица на силните дожтодви и торнадо во сојузните држави Ајова, Оклахома и Мисури. Со тоа вкупниот број жртви на невремето од понеделникот се искачи на седум луѓе.

Метеоролошки аларм е објавен за населението на Џеферсон Сити, главниот град на Мисури, каде што торнадото предизвикало голем материјални штети. На социјалните мрежи се објавени фотографии ид соборени електрични столбови и стебла.

Силниот дожд, град, ветар и громови ги погодија Мисукур, Оклахома и Канзас. Властите во Оклахома предупредија на можност од излевање на браната на езерото Кејстоун и повикаа на евакуација на блиските населби.