Тројца Палестинци убиени на годишнината од протесното движење

Тројца Палестинци се убиени а повеќе стотици се ранети во саботата во судирите со израелските сили на границата меѓу Израел и Газа.

Повеќе десетици илјади жители на палестинската енклава Појасот Газа се одѕвале на повикот на одбележувањето на првата годишнина од протесното движење Голем марш за враќање со кој е одбележува егзодусот на стотиците илјади Палестинци по војната од 1967 година, и се собрале во близина на оградата на границата со Израел носејќи палестински намиња, пренесува AFP.

Од звучниците на џамиите биле упатени повици за собирање на границата на енклавата сместена меѓу Израел, Египет и Средоземното Море. Израелската војска распоредила повеќе илјади војници и неколку десетици припадници на елитните единици, како и тенкови и артилерија.

По неколку седмици тензии и имајќи предвид дека се приближуваат израелските парламентарни избори, се стравуваше од избувнување судири. И судирите се случија, но не како оние крвопролевања во текот на инаугурацијата на американската амбасада во Ерусалим на 14-ти мај 2018 година кога смртно настрадаа повеќе од 60 луѓе.

Неколку Палестинци се приближиле до границата, каде што запалиле автомобилски гуми и фрлале камења врз војнциите. Израелската војска соопшти дека на фрлањето експлозивни направи одговорила со солзавец и стрелба од огнено оружје. Војската проценува дека 40.000 демонстранти учестввуале на протестот.

Настрадрдале двајца 17-годишни Палестинци, соопшти министерството за здравство на Газа. Во саботата рано утрото еден 20-годишен Палестинец е убиен во текот на ноќните протести, соопштија сведоци. Вкупно над 300 Палестинци се ранети, од кои 23 со огнено оружје, наведоа здравствените власти во Газа.