Тројца повредени во превртување на возило на автопатот ‘Мајка Тереза’

Три лица од гостиварско се повредени, од кои едното потешко, откако нивниот автомобил во петокот доцна попладнето излетал од коловозот на автопатот „Мајка Тереза“ од Скопје кон Тетово и притоа неколкупати се превртелот крај патот.

Сообраќајната несреќа на автопатот „Мајка Тереза“, во насока од Скопје кон Тетово, се случила вчера околу 18,30 часот патничко моторно возило „опел астра“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 40-годишниот Ц.С. од гостиварско, излетало од коловозот и се превртело.

Со тешки телесни повреди се здобил Ц.С. и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а сопатниците 38-годишниот Д.С. и малолетник по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Увид на место на настанот извршила увидна екипа од Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.