Тројца повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово

Од СВР Тетово информираат дека возачот на Фолксвагенот се здобил со тешки телесни повреди и е префлен на Клиниката во Тетово.  Возачот на товарното возило Форд и совозачот во Фолксвагенот исто така превентивно се префрлени на Клиниката во Тетово.

Сообраќајната несреќа се случила околу 18:15. Застој на патот има поради тоа што товарното возило пренесувало поликолор и од несреќата е истурен на коловозот.

На автопатот има колона од возила долга повеќе од 2 километри, а се чека повеќе од половина час. Застојот се случува во време кога граѓани од Тетово и Гостивар се враќаат од работа во Скопје.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.