Тројца повредени во судир на трактор и автомобил

Тројца се повредени во судир на трактор и автомобил, вчера во Струмичко, информираше МВР.

според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 5 часот на локалниот пат село Турново- село Иловица, во Иловица. Тогаш автомобил „мерцедес“ управуван од А.Ј. (27) од селото Иловица изгубил контрола над возилото и удрил во преддниот десен дел на трактор „ИМТ 539 “ управуван од С.И. (52), исто така од Иловица.

Во незгодата возачите А.Ј. и С.И. биле лесно повредени, а додека сопатничката во тракторот М.И. (52) добила тешки повреди. Со возила на брзата помош повредените се пренесени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на лице место и се работи на целосно расчистување на натанот.