Тројца повредени во судирот на Илинденска

Тројца, меѓу кои и бебе биле повредени во вчерашната сообраќајна несреќа на булеварот Илинден во Скопје, информираше денеска МВР.  Во сообраќајката, која се случила во 11.30 часот учествувале три возила.

Автомобилот „Сеат толедо“ што го управувал М.К.(36) од Скопје се судрил со автомобил „Тојота корола“  управуван од И.Г.(45)  од село Калниште, по што удриле во паркиран автомобил „БМВ“, сопственост на  Л.Д.(49) од Тетово.

Во незгодата С.К., сопатник во „сеатот“ со тешки повреди е пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Возачот М.К. и неговиот едногодишен син со полесни повреди биле пренесени во Ургентен центар.

Увид извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.