Тројца повредени за време на претстава во Лондон

Три лица се повредени кога се срушил дел од сцената во текот на акробатската претстава „Фуерца брута“ во „Раундхаус“ во населбата Камден во северниот дел на Лондон.

Еден од очевидците рекол дека се срушил делот кај техничарите и публиката. Трите лице, кои што биле повредени, се префрлени во болница.

Претставата била прекината, а членови на организацијата рекле дека следната претстава ќе се одржи според планираното, но дека од истата ќе биде исфрлена сцената со која што се случил инцидентот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.