Свет

(ФОТО) Тројца ранети во пукање во Лондон

(ФОТО) Тројца ранети во пукање во Лондон

Во престрелка на станицата од лондонската подземна железница Кингсбери ранети се три лица, пренесува електронското издание на весникот The Sun.

Во кусата информација се наведува дека полицијата и службата за итна медицинска помош примиле повици околу 21.45 часот во понеделникот ноќта по локално време, и биле известени за пукање во Кингсбери, потврдил полицискиот портпарол.

Додал дека споменатата станица од подземната железница и сообраќајниците кои водат кон областа во моментот се блокирани и оти е започната истрага.

Засега нема информации за состојбата на ранетите. Се додава дека, исто така, засега нема приведени во врска со инцидентот.

Во малку подоцнежна изјава од Скотланд Јард велат дека престрелката засега не се третира како терористички чин.