Тројца тешко повредени викендот во 31 сообраќајна несреќа во Скопје

Еден пешак, еден возач на мотоцикл и еден возач на патничко моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 се здобиле со полесни повреди во 31 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје.

Во 17 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според  полицискиот извештај 138 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, 40 возачи возеле под дејство на алкохол, 43 возачи возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило, а од сообраќај биле исклучени и 12 возачи почетници.

Од сообраќај било исклучено едно неисправно возило и 31 нерегистрирани.

Сообраќајната полиција издала 189 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 119 возила.

Полицијата санкционирала и  пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување и еден возач за не давање првенство на минување на возила во зона на крстосница.