Тројца убиени и тројца ранети во пукањето во Шведска

Шведската полиција покрена истрага откако три лица се убиени а уште други тројца се ранети во понеделникот вечерта во градот Малме.

Тројца млади мажи, на возраст од 18. 20 и 29 години, починале во болница од повредите, додека тројца се ранети во вооружениот инцидент, пренесува весникот Sydsvenskan, а полицијата офијално потврди досега смнрт на две лица.

Изгледа дека некој, веројатно од автомобил, отворил оган врз луѓето кои стпеле пред инернет кафе, изјавил полицискиот портпарол за весникот Svenska Dagbladet.

Во вторникот претпладнето полицијата и натаму истражува на местото на злосторството, но уште не е пронајден автомоилот од кој наводно било пукано. Полицијата, исто така, ја чува и болницата во којашто се лекуваат ранетите.

Според весникот Sydsvenskan, во болница биле пренесени вкупно шест лица. Се додава дека некои од настраданите од претходно ѝ биле познати на полицијата. Властите претходно соопштија дека сметаат оти престрелката нема поврзаност со тероризам, туку со пресметка меѓу банди какви што имаше веќе неколку претходните години во Малме.