Тројца загинати во напад врз либиско министерство

Најмалку три лица загинале во напад на бомбаш самоубиец во либиското министерство за надворешни работи во Триполи во вторникот, објави министерството а безбедносен извор рекол дека се сомнева дека напаѓачите се припадници на џихадистичката групација Исламска држава, пренесува Reuters.

Либиските државни медиуми, пак, јавуваат дека повеќемина вооружени напаѓачи ја нападнале зградата на министерството за наздворешни работи во престолнината Триполи, отворајќи оган и поставувајќи експлозиви во објектот. Според официјалниот телевизиски канал на либиската влада, кој се повикува на извори од министерството за надворешни и за внатрешни работи, станува збор за „неколку терористички напаѓачи“. Засега никој не ја презема одговорноста.

Тројца напаѓачи активирале автомобил бомба и отвориле оган врз зградата, а потоа двајца успеале да влезат во објектот и се разнеле. Третиот бил убен од припадник на обезбедувањето.

Министерот за надворешни работи, Мохамед Тахер Сиала, според вработен во министерството не бил повреден по нападот.

Од зградата, којашто е опколена од припадниците на либиските безбедносни сили, излегувал густ чад, додека луѓето биле пренесувани во болниците. Министерството за здравство објави дека најмалку едно лице е убиени и уште единаесет други се ранети.

Министерството за надворешни работи го осуди нападот истакнувајќи дека „либискиот народ води војна против тероризмот во името на целиот свет“. Либиските милитантни групации последните месеци зачестено ја користат хаотичната состојба во земјата за напади врз државните институции и ги промовираат своите цели.