Тропската бура Харви преку бројки

Властите на американската сојузна држава Тексас ги објавија првичните податоци по минувањето на катастрофалната тропска бура Харви којашто го опустоши југот на оваа држава а сега ѝ се заканува на Лизијана.

Колку дожд наврна: Паднаа веќе илјади милијарди литри и тоа уште не е крајот, Апсолутниот рекорд е регистриран југоисточно од Хјустон каде што од петокот до вторникот во 9,20 часот наврнале 125 сантиметри дожд на квадратен метар, соопшти Националната метеоролошка служба (NWS).

Колку луѓе ги загубија животите: Властите објавија дека во невремето директно и посредно смртно настрадале 10 луѓе, медиумите пак пишуваат за 30 жртви, што е мала бројка споредено со ураганот Катрина кој во 2005 година го погоди Њу Орлеанс и во кој смртно настрадаа 1.800 луѓе, каде што биле затекнати од остриот пораст на нивото на морето.

Колку луѓе настрадаа: Вкупниот број на настрадани лица се менува од час во час. Американскиот црвен крст објави во вторникот дека биле згрижени повеќе од 17.000 луѓе.

Сојузната агенција за вонредни состојби (FEMA) соопшти дека во нејзините привремени центри за прифаќање очекува 30.000 луѓе. Околу 750.000 би можеле да побараат итна помош, оценија од агенцијата.

Началникот на хјустонската полиција Арт Асаведо изјави во вторникот дека неговите службеници давале помош на повеќе од 3.500 жители на оваа американска метропола.

Колкава е материјалната штета: Аналитичарите во понеделникот оценија дека материјалната штета би можела да достигне меѓи 30 и 100 милијарди долари, пишува агенцијата Bloomberg. Најголемиот дел од штеите осигурувањето нема да ги покрие.