Тросар со хет-трик не дозволи голем пресврт на Ливерпул (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул и на Брајтон одиграа фантстичен меч со шест погодоци (3-3), по кој двете екипи освоија по еден бод, кој дефинитивно не им ги задоволува апетитите, било да се поради фаворитската улога или поради прикажаното на теренот.

Стартот беше ужасен за црвените од „Енфилд“, со оглед што гостите по само 17 минути веќе водеа со 2-0 со погодоците на Леандро Тросар. Нешто по половина час игра Роберто Фирмино го намали резултатот и најави евентуален пресврт. Тој дојде во второто полувреме, кога прво Фирмино изедначи во 54. минута, а Вебстер со автогол десетина минути подоцна го донесе Ливерпул во водство. Но, Тросар не дозволи радост за Јирген Клоп со комплетираниот хет-трик во 83. минута. (головите ТУКА)

Челси како гостин го совлада Кристал Палас (2-1), во меч во кој деби гол во синиот дрес постигна Обамејанг и тоа првиот за лондонци, додека стрелец на победничкиот погодок беше Галагер во 90. минута од средбата. (головите ТУКА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.