Трпчески со настап во Хановер, следна „станица“ е Финска

– Откако ја награди со два биса по виртуозната изведба на Концертот број 2 за пијано и оркестар од Рахманинов заедно со Градскиот оркестар на Хановер, под диригентската палка на хрватскиот диригент Иван Репушиќ, публиката во Операта во Хановер, „потајно организирана“ од славната американска оперска пејачка, сопранот Хелен Донат, му возврати на македонскиот пијанист Симон Трпчески со несекојдневна честитка – стоечки му ја отпеа традиционалната за вакви пригоди песна „Среќен роденден!“, соопшти КултурОп.

Концертот во Хановер се надоврза на настапите во Италија, Словенија, Шведска и Холандија. Во октомври Трпчески ќе се врати на престижната сцена на „Концертгебау“ во Амстердам – со Концертот број 3 за пијано и оркестар од Рахманинов, во чија изведба две вечери ќе го придружува Холандскиот филхармониски оркестар. Потоа Трпчески ќе продолжи да концертира во Соединетите Американски Држави со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.