Трпески: Шилегов прифатил жалба на Семос која е незаконска и го добила тендерот

„Овие денови објавивме низа на скандалозни решенија на кој стои потписот на Петре Шилегов, а со кој се доделуваат редица јавни набавки на фирми блиски до СДСМ.Големиот број на доделени тендери на фирми блиски  до СДСМ за кој Петре Шилегов одлучувал во својство на претседател на второстепената комисија за јавни набавки во владата на СДСМ укажува на сомнеж за организиран систем на местење на тендери. Не е само во прашање фактот што Шилегов доделувал тендери, туку и прашањето на кој начин се истите доделувани. Дали се заобиколувани законите, дали се кршени процедурите и дали свесно се местеле теднери за да ги добијат фирми блиски до СДСМ?,“ истакна Сашо Трпески на денешната прес конференција.

Тој денеска објавува голем скандал во чие средиште е фирмата Семос каде сопственички удел има сопругата на Црвенковски, Јасна Црвенковски и Петре Шилегов во улога на извршител.

„Фирмата Семос Скопје го обжалува Меѓународниот отворен повик бр.03/2005 на Централениот регистар за набавка на компјутерска опрема (стандарден хардвер и софтвер), при што Комисијата на чело со Шилегов одлучува да ја прифати оваа жалба.Инаку СЕМОС претходно бил исклучен од постапка, но со приговор до Комисија за жалби чиј претседател е Шилегов му било дозволено да биде предмет на евалуација.При отварањето на понудите, било констатирано од страна на Комисијата на Централниот регистар дека СЕМОС како понудувач нема во понудата доставено Модел на договор, иако за тоа бил законски обврзан. Согласно член 36 од тогаш важечкиот Закон за јавни набавки, ова треба да е составен дел од Тендерска документација.Согласно 48 од истиот закон, од учество во постапка се исклучува понудувач кој нема доставено документи кои се бараат во повикот. Нешто што требало да биде случај и со СЕМОС, и било направено во прва фаза од комисијата за набавки од Централниот регистар, но подоцна со помош на Шилегов и одлуката на второстепената комисија законот бил заобиколен и Семос го добива тендерот.Значи Комисијата од Централниот регистар постапувајќи по законот, го исклучила СЕМОС од натамошната постапка. СЕМОС поднел приговор до Второстепената комисија, која го усвоила приговорот со образложение дека „основани се наводите во приговорот од причина што согласно чл.45 од Законот за јавни набавки, набавувачот може да ги покани понудувачите да ги дополнат или појаснат писмено поднесените документи.Иако согласно закон немало основ да се прифати приговорот, фирмата Семос го добила тендерот,“ истакна Трпески на прес конференција.

Според него ова е конкретен случај каде Шилегов иако не смеел да ја прифати жалбата на Семос која не ги исполнувала важечките законски услови, тој ја уважува оваа жалба и таа е конечен победник на овој тендер.

„Шемата е јасна, не се важни законите, доволно е што Семос е фирма во која сопственички удел има сопругата на Црвенковски, а Шилегов е извршителот кој помага да се добие овој тендер,“ потенцира Трпески.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.