Трпевски: Паркобраните и Андреј Жерновски не насадија ниту едно дрво на денот на дрвото.

Паркобраните и Андреј Жерновски покажаа дека не се грижат ниту за зеленилото во Општина Центар, ниту за животна средина во која живеат сите граѓани на Република Македонија, вели Сашо Трпевски од ВМРО ДПМНЕ.

„Протестираа против сечењето на 5 стари дрва, но на овој ден не насадија ниту едно. Со игнорирањето на големата акција за пошумување и зазеленување на Македонија и Андреј Жерновски и т.н. Паркобрани докажаа дека се’ што правеа минатово лето беше само груба и провидна политичка и партиска манипулација. Овие т.н. Паркобрани имаа можност, како сите останати граѓани, да посадат нови садници и да ја покажат својата грижа, која очигледно ја немаат. Тоа не се случи. Очигледно не добија таква наредба од својата партија СДСМ“, вели Трпевски.

Очигледно дека зеленилото и новите садници воопшто не се приоритет за овие паркобрани, туку оваа група на луѓе се користи само за партиски цели, заклучува Трпевски.