Трпуновски: Цената на јаболкото е мизерна, треба да се продадат 40-50 килограми јаболка за да купи литар нафта или еден литар масло за јадење

Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство во интервју во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа, вели дека владата не обезбедила алтернативен пазар за земјоделските производи кои што нема да се извезуваат на пазарот во Русија и Украина, бидејќи руската инвазија во Украина, но и поради тоа што Македонија се наоѓа на црната листа на Русија како непријателска држава.

„Со ова ново настаната ситуација ние го имаме изгубено тој пазар и моментално има некои мали количини кои што се извезуваат. Она што го има како најава од тие дестинации дека Македонија ќе биде ставена на црната листа и нема да се извезуваат. Исто така ние апелиравме уште пред неколку месеци државата да обезбеди алтернативни пазара за овие земјоделски производи кои што ги имаме во зголемени вишоци, но не слушнав дека од страна ан власта е обезбеден некој алтернативен пазар“, истакна тој.

Ситуацијата е алармантна и тој кажа два примера.

„ега за неколку дена почнува шпицот на берба на пролетната зелка, опфатени се преку 20.000 семејства кои што егзистираат од продажбата на пролетната зелка. Оваа култура генерално се изведува во Украина, Русија, Полска, и ако сега ни биде стопиран извозот тоа значи дека овие семејства ќе не можат да ги покријат основните трошоци и дополнително оној прилив на средства кој што треба да го добијат им се стартна основа за производство на втора или трета култура. Ако сега се утне работата со продажбата на пролетната зелка тоа значи дека радоградинарските производи во струмичкиот регион ќе не можат да одгледуваат втора култура, пиперка, домат, крставица, а тоа значи дека ланецот на производство во тој дел на државата ќе запре, смета тој.

Трипуновски вели дека состојбата со јаболкото во ресенскиот регион е алармантна, додавајќи дека цената на јаболкото е мизерна од еден ипол денар до два, укажувајќи дека доколку еден ресенчанец треба да продаде 40 килограми јаболко за да купи еден литар нафта, или 50 килограми јаболко за да купи еден литар масло на јадење.

„Втората култура која што исто така е актуелна е пласманот односно продажбата на јаболкото од минатата година бидејќи се уште трае пласманот бидејќи имаме сериозни количини кои се неоткупени, преку 50 илјади тони јаболка стојат неоткупени и за жал со ваква власт ќе ја гледаме сликата како пред неколку години кога јаболкото заврши во Преспанското езеро. Езерото го пресушија, но сега ќе го наполнат со јаболка, и сега во моментот во ресенскиот регион јаболкото се продава за денар и половина или два денари, тоа е мизерно“, посочи Трипуновски.

„Ресенчанец треба да продаде 40 килограми јаболка за да купи еден литар дизел, или 50 килограми јаболка да продаде за да купи еден литар масло за јадење“, заклучи Трипуновски.