Трпуновски: Сточарите се соочуваат со катастрофа, потребно е итно делување

30

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска на својот Фејсбук профил изнесе мерки кои во овој момент, како што напиша, ќе му помогнат на сточарството.

Според Трипуновски, иако пласманот на јагнето е во тек и ќе трае уште една недела, не се откупени ниту 20 проценти од количините. Потребно е итно делување.

– Сточарите во моментов се соочуваат со огромна катастрофа. Во средина на сезона на откуп на јагне, не е откупено ниту 20 отсто. Нема откуп, а и оној што се изврши, се врши по многу ниска цена. Сезоната на откуп на јагне трае уште една недела, а како што сега стојат работите повеќе од половина од јагнето ќе остане неоткупени. Сточарите ќе се соочат со големи проблеми и загуби. Доколку не им помогнеме на сточарите сега, се повеќе сточари ќе ја напуштаат дејноста, и како држава ќе се соочиме со целосно замирање на дејноста, наведува Трипуновски.

Тој предлага итна и целосна исплата на ланските мерки за заклано јагне во кланичен капацитет од 400 денари и задржано женско јагне од 700 денари, како и зголемување на финансиските средства за задржано женско јагне за 2020 година од досегашните 700 на 2000 денари.

-Со вакво зголемување на средствата на оваа под мерка заедно со основната мерка по грло, овчарите ќе земат субвенција од 3.100 денари. Со што делумно ќе се санираат штетите од кризата, но и ќе се зголеми фондот на овци во државата, истакнува дополнителниот заменик-министер за земјоделство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.