Трудната Анистон сама ќе го одгледува детето

Кралицата на романтичните комедии, 44-годишната  Џенифер Анистон, конечно остана бремена, но нема  никој крај себе да ја поддржи.

Откако ја раскина веридбата со актерот Џастин Теро, за денот на благодарноста, нејзиниот ПР демантираше дека дошло до раскинување.

Списанието Ok! на насловната страница, на која се наоѓа актерка, овјави наслов: Сама ќе го одгледам ова дете.

„Џенифер и Џастин ја прекинаа врската и ја откажаа венчавката, беа одвоени на Денот на благодарноста. Тој беше со мајката во Виџинија, а таа со пријателите“, откри извор близок до двојката и додаде дека Џенифер всушнсот го исфрлила актерот од својот дом.