Трудница меѓу најновите жртви од вирусот

155

Пациентка од Гостивар (31) која почина на Инфективната од коронавирус е трудницата, која на 26-ти мај е потврдена како позитивна и била итно оперирана пред да биде сместена на Инфективна клиника, објави Телма телевизија.

Таа била итно оперирана дента, но плодот бил мртов.

Пациентката потоа била префрлена на Инфективната клиника, под надзор на лекарите гинеколози, трансфузиолози, епидемиолози и инфектолози.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.