Трудо ја задржа власта во Канада, но го загуби мнозинството

Либералната партија на Џастин Трудо ја задржа власта, но тесната изборна победа значи дека канадскиот премиер ќе мора да состави малцинска влада, и најверојатно дополнително ќе скршне в лево.

Канадските либерали ќе имаат најмногу места во парламентот, меѓутоа вториот премиерски мандат на Џастин Трудо ќе биде многу потежок, бидејќи ќе мора да се потпира на другите партии во носењето на законите.

Се очекува дека до прогласувањето на конечните резултати либералите ќе освојат 156 мандати од 338 места во парламентот, што значи дека за мнозинство ќе им недостосуваат 14 пратеници. Најголемите ривали, конзервативците од десниот центар се блиску до освојување 122 пратеници, што претставува голем пораст во однос со 95-те мандати колку што имаа во досегашниот состав.

Анкетите пред изборите најавуваа тесна трка меѓу Трудо и неговиот главен ривал, конзервативниот челник Ендрју Шир. Прелиминарните резултати покажуваат дека конзервативците всушност освоиле најмногу гласови на анционалмо ниво.

 

Ветувачки почеток на Трудо засенет од скандали

Штотуку завршените сојузни парламентарни избори беа сфатени како своевиден референдум за Трудо, кој го издржа тешкиот прв мандат којшто беше извалкан со скандал.

„Го направивте тоа, мои пријатели. Честитам!“, рече во вторникот Трудо во обраќањето до своите приврзаници во Монтреал. Обраќајќи се на гласачите ширум Канада, им се заблагодари на поддршката. „Ви благодарама што верувата дека ќе ја водите нашата земја во вистинската насока“, рече.

Трудо дојде на власт во 2015 година како харизматичен лик ветувајќи „сончеви патишта“. Меѓутоа, популарноста му падна поради објавата на поранешни снимки и фотографии и снимки на коишто облечен како Аладин и премачкан како црнец, според неподелените оцени на јавноста имал расистички испади.

Покрај тоа, либералниот премиер поранешната министерка за правосудство Џоди Вилсон- Рајбулд на почетокот од годинава го обвини дека владини функционери ѝ се заканувале градежната компанија „SNC-Lavalin“ да не биде обвинета за корупција.

 

Дополнително скршнување в лево

Иако лево ориентираната Нова демократска партија (NDP) имаше разочарувачки изборен ден, имајќи предвид дека освои многу помалку отколку на изборите во 2015 година, таа би можела да има значително влијание врз новата влаа на Трудо.

Челникот на Новата демократска партија, Џагмет Сингх Џими Дхаливал, припадник на Сиките кој сака шарени турбани, потврди дека разговарал со Трудо и оти се обврзал „напорно да работи за да ги оствари приоритетите на државата“.

„Мислам дека либералната влада со поддршка на NDP дополните ќе се приклони кон лево. Тоа сега отвора низа прашања околу барањата кои ќе ги поставува NDP. Која ќе биде цената на владеењето? А мслам дека деловниот свет ќе ги одложува своите одлуки додека не добијат потврда за овие прашања“, вели за националниот сервис Џон Манли, поранешен либерален министер за финансии кои сега работи во приватниот сектор.

Раст на поддршката забележа сепаратистичата партија Bloc Quebecois, која во франкофоната сојузна држава Квебек доби 32 места, три повеќе отколку на изборите пред четири години. Раст, исто така, забележаа и зелените.

Малцинските влади во Канада во текот на историјата ретко траеле повече од две до две и пол години.

 

Енергетските гиганти бегаат, но економијата расте

Четириесет и седумгодишниото Трудо, кој како премиер ја промовираше различностите во последната фаза од кампањата доби поддршка и од поранешниот американски претседател Барак Обама, кој неговите поддржувачи го сметаат за „еден од последните прогресивни челници во поголемните светски демократии. И актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, со кој Трудо често имаше напнати односи, му честиташе на Twitter на „прекрасната и тешко извојувана победа“.

Но синот на покојниот премиер Пјер Трудо мораше да се справи и со чувството на замор од неговата влада

Двајца либерални министри ги загубија своите места на западот на Канада, меѓу кои е и минситерот за јавна безбеднсот Ралф Гудејл. Неадоволството од Трудо порасна во регионот во кој се произведува нафтата, поради еколошките политили за кои енергетската индустрија тврди дека ќе ја загрози нејзината активност.

Најголемата нафтена лобистичка група го обвинува Трудо за мерките за запирање на инвестициите во овој сектор, а некои светските енергетски компании ги напуштија нафтоносните полиња во Алберта, традиционално конзервативна сојузна држава којашто произведува најмногу енергенси во Канада.

Меѓутоа, канадската економија во 2019 година забележа раст. Канадскиот долар годинава има најдобра позиција во конкуренцијата на валутите од другите држави во Г10, и порасна за 4 отсто во однос на американскиот долар. Се бележи и голем раст на вреботенсота и инфалцијата се држи околу зацртаната цел на централната банка од 2 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.